-
Подарени новогодишни колачиња, честитки и училишен прибор на Детското одделение и Дневниот центар за деца со потешкотии
Со задоволство беа подарени новогодишни колачиња, честитки и училишен прибор на Детското одделение и Дневниот центар за деца со потешкотии во Велес, со желби за добро здравје и куп радости во Новата 2021 година! Активноста е дел од проектот ,,Среќа е…”, наменет за деца од 4-5 годишна возраст
-
Новогодишна шумичка
Од празничен декор на дворни површини ќе ја издвоиме Новогодишна шумичка во Објект 2 ,,Сонце”, творена со многу љубов од страна на чичко Миле заедно со тимот на објектот, а посветена на сите дечиња Вистинско уживање
-
Зелени детски градини
Зелени детски градини Дрворедите се дел од седуммесечниот проект „Зелени детски градини“ на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ во кои децата од Објект 6 „Ѕвончица“ на нашата градинка се едуцираа за одгледување на билки и зачини, од сеење на семе преку одгледување на стебла до прва берба, како и за заштита на животната […]
-
Новогодишни желби
Децата од возрасните групи од 5-6 години при ОЈУДГ „Димче Мирчев“ Велес, ги искажаа своите новогодишни желби преку разни творечки активности.
-
Довидување златна есен
Довидување златна есен! Децата ја испратија есента преку различни активности, уживајте
-
Во светот на детскиот цртеж
,, Во светот на детскиот цртеж’’ Проект за возрасна група од 5-6 години Детскиот цртеж е најчестиот креативен израз со кој комуницираме кога децата растат и ги формираат сопствените мислења за себе, за нас, родителите, за секојдневните случувања и преживувања, за одредени значајни личности и за светот пошироко. Детскиот цртеж е платното на кое децата […]
-
Благодарност за најголемите херои на сегашницата, здравствените работници
Почитувани херои, Со многу љубов, внимание и посветеност децата од нашата градинка приготвија колачи во знак на благодарност за најголемите херои на сегашницата, здравствените работници!Вредните рачиња беа умешни, лицата насмеани, а нашиот тим засекогаш благодарен за Вашиот огромен труд, широка хуманост и непроценливо време! Како дел од проектот ,,Среќа е…” ја издвоивме оваа активност да […]
-
Инклузија на деца со попреченост од предучилишно и основно образование
Во рамки на проектот „Инклузија на деца со попреченост од предучилишно и основно образование“, поддржан од УНИЦЕФ, тимот на здружението „Отворете ги прозорците“ одржа обуки на тема „Значењето на раната интервенција во предучилишната установа“ и „Примена на асистивната технологија во предучилишно образование“.Меѓу учесниците на обуката беа 36 воспитувачи и негуватели од нашата градинка. Целта на […]
-
Функционално менаџирање и ангажираност на давателите на услуги во градинките во кризни ситуации
Тимот на нашата Установа континуирано посетува обуки поврзани со дејноста на детските установи и ги збогатува своите знаења, кои ги имплементира во креативна форма во разни сегменти за потребите на корисниците на нашите услуги.На вчерашната обука ,,Функционално менаџирање и ангажираност на давателите на услуги во градинките во кризни ситуации”, спроведена од страна на ,,Коучинг-Н”-Друштво за […]
-
Сертификат за општествена одговорност IASS : RES.C 2020-2022
Нашата Установа е горда на добиениот ,,Сертификат за општествена одговорност IASS : RES.C 2020-2022″ за интеграција на општествена одговорност, грижа за вработените, грижа за околината, филантропија, посветеност за напредок во општеството како и позитивен пристап во соработката со трети компании од страна на Здружение за истражување, анализа и сертификација ИАСС Скопје.Ви благодариме што на овој […]