ЕКО градинка

Еко Градинка

Програмата “ЕКО – градинка” е еден од проектите на едукативната програма „Немаме резервна планета” и има за цел стекнатото знаење на темата животна средина да се примени и во пракса. Преку ова програма ќе се подигне свеста и на децата, на воспитувачите, на техничкиот персонал, на родителите и на сите други кои се вклучени директно или индиректно во нашата заедница на тема заштита на животната средина, а со тоа ќе се овозможи теоретското знаење да се примени во секојдневниот живот.
​Со оваа програма децата и воспитувачите ќе стекнат активна и одговорна улога која ќе ја практикуваат во градинката, во домот, но и во својата заедница и пошироко.
​Вклучувањето и активна улога на децата е една од главните цели, како и соработка на градинката со локалната заедница, родителите, бизнис секторот, медиумите и сите други фактори од зедницата. Таа е демократска и интерактивна програма која им нуди одлична можност на децата да научат како да го дадат својот придонес кон светските напори за зачувување на планетата Земја.
​Веќе постои дизајнирана меѓународна програма за еко-градинки со која се охрабруваат активностите на полето на животната средина на целата градинка.
​Како резултат на повеќегодишното реализирање на Еко Програмата и низата активности во рамките на Еко проектот, нашата градинка е меѓу првите предучилишни установи кои е дел од европската мрежа на ЕКО-градинки со највисокото признание ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ.