Драги другарчиња, мили наши дечиња!
Еве не на крајот од нашата заедничка дружба затоа што вие пораснавте и дојде време да се збогувате со нашта градинка.
Заедно поминавме многу…
Првите зборови, првите чекори, првото најдобро другарче, првото самостојно ручкање и чувство на вина за флеката на блузата… Заедно вложувавме многу труд и напор да ги надминеме сите мали и големи препреки и потешкотии.
Ви благодариме за сите насмевки и прегратки, на тага и радости споделени моменти!
Ве испраќаме со многу љубов, насмевки и радости.
СРЕЌНО ПРВАЧИЊА – НАШИ МИЛИ ДРУГАРЧИЊА!









