Почитувани херои,
Со многу љубов, внимание и посветеност децата од нашата градинка приготвија колачи во знак на благодарност за најголемите херои на сегашницата, здравствените работници!
Вредните рачиња беа умешни, лицата насмеани, а нашиот тим засекогаш благодарен за Вашиот огромен труд, широка хуманост и непроценливо време! Како дел од проектот ,,Среќа е…” ја издвоивме оваа активност да Ви ја посветиме Вам, бидејќи најмногу заслужувате! Нашите желби за добро здравје се упатени првенствено кон Вас, затоа што Вие сте тие кон кои се наклонуваме во ова време-невреме.
??Ви благодариме од сѐ срце!
?Со љубов,
ОЈУДГ ,,Димче Мирчев” Велес








































