Во рамки на проектот „Инклузија на деца со попреченост од предучилишно и основно образование“, поддржан од УНИЦЕФ, тимот на здружението „Отворете ги прозорците“ одржа обуки на тема „Значењето на раната интервенција во предучилишната установа“ и „Примена на асистивната технологија во предучилишно образование“.
Меѓу учесниците на обуката беа 36 воспитувачи и негуватели од нашата градинка. Целта на обуките е да се придонесе за јакнење на капацитетите на воспитувачите и негувателите да се запознаат со раните знаци за отстапување во развој, говорни потешкотии, кога да побараат мислење од логопед, како и да се запознаат со стратегиите за работа со деца со попреченост и примената на асистивната технологија во рана возраст.
Бидејќи обуката се спроведува во време на пандемија (Ковид 19), се спроведувааше онлајн преку платформата Zoom.
Инклузија на деца со попреченост од предучилишно и основно образование
ноември 27, 2020





