Скокни до содржина

Во светот на детскиот цртеж

ноември 30, 2020

,, Во светот на детскиот цртеж’’

Проект за возрасна група од 5-6 години

Детскиот цртеж е најчестиот креативен израз со кој комуницираме кога децата растат и ги формираат сопствените мислења за себе, за нас, родителите, за секојдневните случувања и преживувања, за одредени значајни личности и за светот пошироко. Детскиот цртеж е платното на кое децата ги изразуваат своите емоции кои произлегуваат од користењето и комбинирањето на бои, интензитетот на цртање, начинот на изразување. Во текот на растот и развојот, кога детето се соочува со тешкотија да се изрази и когнитивно и емотивно. Цртежот дозволува да се намали таа тензија на експресија и единствено така да успева  да комуницира со другите за сопственото гледање. Од друга страна, детскиот свет, голем, шарен, необичен, бара начин како креативно да се изрази и тогаш кога не постои некоја значајна супресија или негативно преживување. Секое дете,  баш секое,  има потреба да игра и да се изрази затоа што потребата за себеизразување е во суштина една од основните човекови потреби.

Цел на проектот е да се поддржува во збогатување и облагородување на детскиот емотивен свет и имагинацијата преку уметничко изразување;

Да се поддржува во изразување на позитивните емоции и канализирање на негативните;

Да се оспособи за користење на различни материјали, алатки, предмети и други достапни ресурси за ликовно изразување на сопствените креативни идеи и чувства.

Химна