Проект „Среќа е…“ -наменет за возрасна група од 4-5 години за воспитно-образовна 2020/21 година Среќата се создава, не се наоѓа! Постојат многу причини за да бидеш среќен! Ако сакаш да си среќен, едноставно, биди среќен и благодарен на тоа што го имаш и она што те опкружува! Среќата е општа и посебна, општо задоволство од животот, задоволство од поедини делови, области, страни од животот… Среќата се доживува во врска со себе и во врска со другите луѓе и нешта. На светот не постои ништо поубаво од среќно дете! Среќа е кога ќе ја видиш насмевката на детските лица додека учат, играат. Да бидеме среќни на она што го имаме, среќното дете е благодарно дете. Главно чувство на среќата е радоста, децата се радосни кога доаѓаат во градинка, кога си играат со другарчињата, кога се со своите родители… Радоста нѐ прави весели, исполнети со позитивни доживувања. Најголема радост или среќа е кога некому помагаш, подаруваш, кога си хуман, создаваш, твориш. Децата се среќни кога даруваат на своите родители, другарчиња. Секое дете има свој среќен ден, а среќа потекнува од зборот среќавање. Дали детелинка со четири листови и потковица се симбол за нашата среќа или можеби секое дете има различен симбол за среќа. Среќни се децата кога живеат во еко-средина и затоа се грижат да ја зачуваат чиста… собираат, селектираат и рециклираат отпад. Во еко-средина живеат среќни и здрави деца. Децата се среќни авантуристи кои за момент патуваат во далечни земји, џунгли, отворени мориња. Среќно дете раскажува приказна со среќен крај. Вистинска среќа е да си среќен! Цели на проектот: -Да се поттикнува да ги препознава сопствените чувства и соодветно да реагира; -Да гради позитивен однос кон себе, збогатувајќи го својот емоционален живот, негувајќи позитивни емоции кон себе и другите; -Да се оспособи да го контролира изразувањето, да се сензибилизира за чувствата на другите.
Среќа е…
ноември 23, 2020








