СРЕЌНО ПРВАЧИЊА – НАШИ МИЛИ ДРУГАРЧИЊА!


?Драги другарчиња, мили наши дечиња!

Еве не на крајот од нашата заедничка дружба затоа што вие пораснавте и дојде време да се збогувате со нашта градинка.

Заедно поминавме многу…

Првите зборови, првите чекори, првото најдобро другарче, првото самостојно ручкање и чувство на вина за флеката на блузата… Заедно вложувавме многу труд и напор да ги надминеме сите мали и големи препреки и потешкотии.

?Ви благодариме за сите насмевки и прегратки, на тага и радости споделени моменти!

❤️Ве испраќаме со многу љубов, насмевки и радости.

?СРЕЌНО ПРВАЧИЊА – НАШИ МИЛИ ДРУГАРЧИЊА!