Во употреба се ставени 40 нови таблети


Во употреба се ставени
нови4️⃣0️⃣ таблети,
од кои 22 добиени како донација од НВО “Отворете ги прозорците”, а 18 од сопствени средства.

Истите ги користат дел од родителите на деца, на кои им е потребна поддршка во учењето и усвојувањето говор, како асистивна технолошка алатка. Со овие апарати ќе се постигне поттикнување на специфични развојни потреби преку вградените едукативни апликации наменети за поддршка.Друг дел од таблетите се користат од страна воспитувачите на возрасни групи, со цел непречена електронска евиденција на дневните планирања, следење обуки на далечина, истражувања во делот на воспитно-образовната дејност со цел создавање средина за квалитетно учење.

Современите педагошки сознанија укажуваат дека концептот на современо учење се менува, со цел да ги следи брзите општествени промени.Следствено на тоа и практиките на воспитувачите се менуваат, во согласност со потребите на современиот предучилишен воспитно-образовен процес!

?Децата се нашата иднина!